Рангник: Не бевме ловци, а третиот гол нè „уби“

217

Тренерот на Манчестер Јунатед Ралф Рангник ја призна супериорноста на Манчестер Сити над Манчестер Јунајтед по поразот со 4:1.

Во првото полувреме игравме пристојно. Се боревме. Примивме гол меѓутоа успеавме да израмниме со одличен гол, а потоа примивме во контранапад.

Тоа беше исклучително тежок натпревар против еден од најдобрите тимови во светот. Во последната минута го примивме четвртиот гол. Тежок натпревар кој покажува колку далеку треба да одиме за да ја намалиме разликата во овој тим. Беше очигледно дека ќе треба да трчаме многу за да имаме шанса да победиме. Мораш да бидеш во режим на ловец на вакви натпревари. Така и го почнавме второто полувреме и толку. Третиот гол нè уби. Тоа беше резултат на добро одигран корнер кој беше невозможно да се одбрани.

Во вториот дел противникот беше посилен и ги покажа своите вештини. Не одигравме добро, особено по третиот гол. Сите знаат колку е добар Манчестер Сити. Ова е еден од најдобрите клубови во светот и ние сме зад него. Тоа беше еден од најтешките натпревари бидејќи моравме да прифатиме дека денеска беа посилни.
Сега е многу важно да победиме во следните два домашни натпревари“, изјави главниот тренер на Манчестер Јунајтед.

 

ПретходноАБА лига: Партизан и врати на Звезда за поразот во Купот
СледноМЗТ Скопје и натаму е класа за Работнички (ФОТО)