Големото дерби во Премиер лигата помеѓу екипите на Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити кое е закажано за денеска од 17:30 часот, ќе се одигра без Кристијано Роналдо.
Португалецот е повреден и нема да може да му помогне на Јунајтед, исто како и Едисон Кавани.
Тоа значи дека менаџерот Ралф Рангник ќе мора да се потпре на услугите на Маркус Рашфорд како прв напаѓач на овој меч, и во него да се гледа шансата за гол.
Роналдо инаку е најдобар стрелец на Јунајтед сезонава со 15 гола, а природата на повредата не е позната.