Рускиот гимнастичар Иван Кулијак (20) го освои третото место на Светското првенство во Доха, но најголемо внимание не привлече бронзата на градите – туку симболот што го имаше на опремата.
Тој на градите имаше бела латинска буква „З“ која била испишана на руските тенкови кои влегоа во Украина. Според многумина сакал да испрати порака од подиумот на кој излезе без знамето на Русија поради бројните санкции.
— Louise (@tomatosoup8014) March 5, 2022