Сакаше да се тепа, па виде дека „против“ него е Ериксен (ВИДЕО)

357

Мечот од Премиер лигата помеѓу екипите на Норич и Брендфорд донесе една комична ситуација која утринава ги полни страниците на речиси сите странси медиуми. Во жарот на борбата младиот Брендон Вилијамс, како што и му доликува, со сета сила се обидуваше да добие еден дуел на средината на теренот. Падна на тревата заедно со својот ривал, и жестоко реагираше не гледајќи против кого. А всушност, „против“ него беше Кристијан Ериксен кој го собира првите минути по  големата пауза која што му се случи по здравствениот инцидент на Европското првенство. Кога Вилијамс виде со кого е во дуел, едноставно се насмевна, „ја смени плочата“ и го прегрна Ериксен. Данецот најпрво зачуден, а потоа и расположен, се исправи и продолжи со игра.

 

 

 

 

ПретходноПротив Србија без Младеновски, Станковски сеуште под знак прашалник
СледноКлоп: Оваа победа не е за паметење, но може да е многу важна за нас