Сити е “ГАЗДА“ во Манчестер: Де Брујне и Марез “царуваа“ на мега – дербито! (ВИДЕО)

211

Манчестер Сити -Манчестер Јунајтед 4:1 е епилогот на мега – дербито во Премиер – лигата. Доцна попладнево на „Етихад“ сепак шампионот покажа дека е “ГАЗДА“ во градот, дека во моментов Јунајтед едноставно, денеска и онака беше ослабен со неиграњето на Роналдо, не може да се носи со четата на Пеп Гвардиола. Целосна доминација, убедлива победа, повеќе создадени шанси, и секако на крајот заслужена победа.

А се почна во 5.минута кога по асистенција на Бернардо Силва, Кевин де Брујне погоди за 1:0. Гол за еуфорија меѓу фановите на „сините“, за „синиот“ дел на градот.

Санчо во 22.минута израмни на 1:1 откако беше проигран од Погба, за свирежи на „Етихад“ ако се знае дека тој е некогашен член на Сити.

Сепак ова беше само моментален блесок на “црвените“, само шест минуту подоцна откако повторно одбраната на Јунајтед реагираше аматерски, Де Брујне погоди за 2:1.

Во вториот дел целосна доминација на Сити, акции, шанси се редеа пред голот на гостите, за да во 68.минута Ријад Марез зголеми на 3:1, за да во 90.минута постигне уште еден гол за 4:1.

Инаку ова беше прво градско дерби за стратегот на Јунатед Ралф Рангник,кој не успеа со својот тим да му се закани на Сити. Според играта Германецот може да биде дури и задоволен од тие 4:1, можеше да биде уште полошо.

ПретходноСо Мбапе доаѓа и нов спонзор во Реал Мадрид!
СледноВАР победа за Партизан, се огласи Ц. Звезда: Ова е „режија“ на Пикси!