Спалети изнареди комплименти: Елмас е интелегентно момче!

259

Наполи ја продолжува трката за првото место на табелата во Серија А. Тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас вечерва (20:45 часот) на домашен терен го пречекува Милан. И на овој дуел сите очи се вперени во „дијамантот“, кој на првата пресметка оваа сезона ја тресеше мрежата на „росонерите“, токму со неговиот погодок Наполи славеше со 1-0 на гостински терен.

Тренерот на Наполи, Спалети пред оваа средба испрати бројни комплименти на сметка на македонскиот репрезентативец, истакна дека е многу интелигентен фудбалер.

„Елмас е офанзивен играч за врска, кој може да биде и „скриен напаѓач“. Тој е тип на фудбалер кој е одлучен кога ќе се најде во „жешката зона“. Може да се адаптира во различни ситуации, тоа го прави уште подобар, феноменален. Елмас е многу интелигентно момче, кој го разбира фудбалот. А она што ќе го сфати, никогаш и не го заборава. Пред него стои голема иднина“, изјави Спалети.

Македонскиот репрезентативец, очекувано се најде во стартиот состав на Наполи за пресметката со Милан.

ПретходноХаос во Мексико: Хулиганите тепаа се пред себе, родителите ги спасуваа децата, има и мртви (ВИДЕО)
Следно158. дерби приказна на „вечните“ ривали Работнички и МЗТ Скопје!