На задоволство на домашната публика Даниел-Андре Танде победи на денешните ски-скокови на „Холменколбакен“ во Осло. Тоа беше прва негова победа по ужасниот пад на Планица во 2021 година.Танде собра 271,2 поени, откако направи скокови од 128,5 и 133,5 метри. По него се пласираат Анже Ланишек (Словенија) со 267,1 поен и третото место му припадна на Стефан Крафт (Австрија) со 266,9 поени.
Исто така ова е втора победа на Танде на „Холменколбакен“ по 2018 година.
Инаку оваа патека е дел од „Рав ер“ турнирот кој опфаќа скокови во Лилехамер и два во Осло и почна на 2 март и заврши денеска. Па така севкупен победник е Австриецот Стефан Крафт кој успеа да победи во Лилехамер, а во Осло беше втор (вкупно 1203,3 поени). Второто место му припадна на Карл Гајгер (вкупно 1172,6 поени), додека третото на Рују Кобајаши, победникот на Новогодишната турнеја во јануари (вкупно поени 1162,9 поени)..
До крајот на шампионатот останаа уште четири скокови, два во Оберсфорд (19 и 20 март) и два на Планица (25 и 27 март).
Во генералниот пласман води Кобајаши со 1478 поени, втор е Гајгер со 1420 поени, а трет Гранеруд со 1176 поени.
Stefan Kraft liderem #RawAir przed ostatnim dniem turnieju #Oslo #skijumpingfamily pic.twitter.com/VUK4vkVplt
— Skijumping.pl (@Skijumpingpl) March 5, 2022