158. дерби приказна на „вечните“ ривали Работнички и МЗТ Скопје!

241

17. коло во Првата лига е во знакот на вечното дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје. Двата тима во 158. градска пресметка влегуваат со промени на клупата, Игор Михајловски неодамна го превзема „кормилото“ на најтрофејниот кошаркарки колектив, додека своето деби како предводник на „сино-белите“ вечерва (19:30 часот) ќе го има Александар Петровиќ.

И оваа сезона доминираат момците од аеродром. За разлика од центарци кои со години не успеаваат да создадат буџет и услови како што му доликува на еден клуб како што е Работнички, во таборот на МЗТ Скопје го негуваат професионализмот и се борат за уште подобро ниво, одат напред.

Петровиќ и неговите кошакари се фаворити на оваа пресметка. Иако во составот ќе го нема македонскиот репрезентативец, Бојан Крстевски, кој заработи повреда, и под знак прашалник е Адем Мекиќ, сепак актуелниот македонски првак има далеку посилен состав од својот противник. Со победа на оваа средба, МЗТ Скопје ќе се израмни со лидерот Пелистер и ќе има шанса да запоседне на врвот на табелата.

На другата страна Михајловски доби освежувања во ростерот, кој денеска треба да излезат на теренот, со останатите сили, ќе се обиде да докаже дека во вечното дерби не секогаш победува фаворитот, инспирацијата е поинаква.

Кога сме кај историјата, во приказна на „вечните“, 158. по ред, „црвено-белите“ се уште се во високо водство. Имаат 91. победа наспроти 66. порази. Останува да видиме денеска како ќе заврши новата пресметка.

ПретходноСпалети изнареди комплименти: Елмас е интелегентно момче!
СледноПротив Србија без Младеновски, Станковски сеуште под знак прашалник