Саша Илиќ по десетина години како тренер на голманите во Вардар, сега има нов тренерски ангажман и тоа во Кина, во тимот на Шенжен. Овој клуб е член на Супер – лигата во Кина, што секако дека е голем предизвик за Илиќ.
Договорот е постигнат, се чека само Илиќ да биде промовиран како нов член, односно нов тренер на голманите на еден од најдобрите клубови во Кина.
Тоа значи дека Вардар ќе мора да си побара нов тренер на голманите.
ФОТО: Vecer.mk