Леванте се чини дека пополека тоне кон второлигашкото друштво во Шпанија. Тимот на Енис Барди повторно доживеа пораз и е закован на последното место на табелата во Ла Лига со дури 15 порази и 18 бода, седум помалку од сигурната зона.
Вечерва Леванте доживеа пораз на гостувањето кај Атлетик Билбао со 3:1.
По првото полувреме немаше голови. Во 63 минута Билбао поведе со погодокот на Весга, по него погодуваа Ињаки Вилијамс и Зарага. Леванте го ублажи поразот со гол на Де Фрутос во 90. минута. Барди го замени Моралес во 45 минута и го доигра второто полувреме.
Атлетик е на осмото место на табелата.