Воска Спорт во саботата, во меч од 18.коло во ВМФЛ – ЗАПАД одигра 1:1 на гости кај Тетекс. Охриѓани преку Алтин Лога постигнаа победнички гол во последните секунди од мечот, тој беше гол за победа, но сепак истиот беше поништен од страна на судиите поради офсајд. Гостите од Охрид веднаш реагираа, а денеска и официјално се огласија со официјална реакција.
Имено тие истакнуваат дека откако успеале да ја добијат ТВ снимката од тој момент, се мисли на поништениот гол на Лога, јавно ја прашуваат судиската тројка на чело со Марјан Младеновски и неговите помошници Дарко Видиниќ и Виктор Здравев како е можно овој гол да биде поништен со оглед на тоа дека станува збор за чист гол, барем така тврдат охриѓани.
Во прилог го објавуваат и видео од таа ситуација.