Грчкиот второлигаш Ксанти одлучи да направи тренерска промена, па го отпушти Зоран Вулиќ вклучувајќи го и неговиот помошник Жикица Тасевски и ќе бара нов кормилар. Taсевски дојде во клубот во февруари и по само еден месец заминува. Причината се слабите резултати, тимот веќе четири кола нема победа, а падна на четвртото место на табелата со мали шанси да дојде на врвот и да избори промоција во најсилниот ранг.