Металург и официјално во најнизок ранг!

348

Готово е. Металург, некогашната гордос на мак – ракометот е исклучен од Суперлигата, а тоа значи дека е префрлен во најнизок ранг.

Според пропозициите на РФМ, некогашниот повеќекратен шампион на Македонија во ракомет, едноставно веќе не ги исполнува условите за натпреварување во елитната лига и затоа мора да се сели во најнизок ранг.

Оние играчи кои не си заминале, се префрлени во тимот на Металург РА кој се натпреварува во Првата лига.

Согласно Пропозициите на Ракометна Федерација на Македонија за Супер машката ракометна лига за натпреварувачка сезона 2021/2022, со Член 13 став 4 и 5 е предвидено дека секоја екипа е должна да пријави листа со минимум 16 и максимум 35 ракометари со валиден лекарски преглед со цел да добијат лиценца и да бидат внесени во системот на играчи, во спротивно екипата нема да биде вклучена во системот на натпревари.
Листата заедно со лекарскиот преглед треба да се достави до РФМ најдоцна 14 дена пред почетокот на есенскиот дел и 14 дена пред почетокот на пролетниот дел на натпреварувањето.
По извршениот увид во доставената документација Комисијата за регистрација и лиценцирање заедно со Комесарот за натпревари утврдија дека ракометниот клуб РК Металург АД не ги исполнува условите за учество во системот на натпреварување при РФМ“, еве зошто Металург не може веќе да се натпреварува во Суперлигата.

ПретходноМакедонците Ристовски и Велковски во тимот на колото во ХНЛ!
СледноСерафимов во тимот на колото во Унгарија!