Тотенхем го нокаутира Евертон, Kejн го прескокна Анри на вечната листа на стрелци (видео)

311

Екипата на Тотенхем со убедливи 5:0 го совлада Евертон во последниот меч од 28.коло на Премиер лигата. Конечно, четата на Антонио Конте заигра жестоко и победи со убедлив резултат што им беше потребен со оглед на тоа што долго се мачи со резултатите сезонава во најсилното англиско друштво. Од друга страна Евертон на чело со Лампард се наоѓа блиску до опасната зона (бод повеќе од линијата).

Моис Кен си постигна автогол, потоа стрелаше Сон, па Хари Кејн два пати, а еднаш Серхио Регулион. Кејн со овие два гола стигна до бројката 176 погодоци во Премиер лигата со што го прескокна некогашниот стрелец на Арсенал Тиери Анри на вечната листа во најсилната англиска лига. Англискиот репрезентативец е на шестото место на листата. Прв е Алан Ширер со 260 голови.

На Кејн му треба уште еден гол за да се изедначи со Лампард на петтото место.

За Тотенхем ова е 14-та победа сезонава и се врати во игра за место во ЛШ. Моментално е на седмото место со 45 бода исто колку и шестиот Вест Хем. Да потсетиме дека Тотенхем има два меча помалку во однос на ривалите пред него.

 

 

ПретходноКсанти ги смени Вулиќ и Тасевски
СледноБарди на терен, Леванте потона во Билбао – им се „смешка“ Втора лига