АЕК го чека „пекол“ во Битола – билетите се распродадени!

474

Е.Пелистер утре на домашен терен го пречекува тимот на АЕК Атина во рамките на последното од групната фаза во Европската лига. Ракометарите на македонскиот вицепрвак со победа на оваа средба ќе го осигураат второто место на табелата пред почетокот на нокаут фазата, а во битката со грчкиот состав ќе имаат максимална поддршка од трибините.

Од клубот на својата официјална страница известија дека салата е распродадена, утре во „Боро Чурлевски“ ќе биде вистински спектал за домашниот тим, „пекол“ за гостите.

ПретходноПелистер на рехабилитација во Куманово!
СледноЛазаров го објави поширокиот список за баражот со Романија