Барди на терен, Леванте потона во Билбао – им се „смешка“ Втора лига

279

Леванте се чини дека пополека тоне кон второлигашкото друштво во Шпанија. Тимот на Енис Барди повторно доживеа пораз и е закован на последното место на табелата во Ла Лига со дури 15 порази и 18 бода, седум помалку од сигурната зона.

Вечерва Леванте доживеа пораз на гостувањето кај Атлетик Билбао со 3:1.

По првото полувреме немаше голови. Во 63 минута Билбао поведе со погодокот на Весга, по него погодуваа Ињаки Вилијамс и Зарага. Леванте го ублажи поразот со гол на Де Фрутос во 90. минута. Барди го замени Моралес во 45 минута и го доигра второто полувреме.

Атлетик е на осмото место на табелата.

ПретходноТотенхем го нокаутира Евертон, Kejн го прескокна Анри на вечната листа на стрелци (видео)
СледноМлад украински кошаркар кој сонувал да игра во НБА загина во војната во Украина