По Даниел Хекет уште еден играч од ЦСКА Москва премина во Витрус Болоња – се работи за грузискиот репрезентативец Торнике Шенгелија. Со доаѓањето на репрезентативецот на Грузија Виртус дефинитивно е прв фаворит за освојување на Еврокупот.
„Немам зборови со кои би му се заблагодарил на претседателот Масимо Занети за оваа последна операција на трансферниот пазар. Торнике дополнително ја засилува техничката вредност на нашиот тим и искуството како на национално така и на меѓународно ниво“, изјави извршниот директор на клубот Лука Баралди.
Шенгелија од 2020 година играше за ЦСКА. Иако имаше тригодишен договор, сепак, ја напушти Москва поради руската инвазија на Украина.
OFFICIAL: Tornike Shengelia signs a deal with Virtus Bologna. pic.twitter.com/1ibgfHsg0F
— Dionysis Aravantinos (@AravantinosDA) March 7, 2022