Секоја победа во Лигата на шампиони е важна за Вардар 1961. Македонскиот тим ќе игра во осминафиналето, но пред овој сака групната фаза да ја заврши триумфално. А за исполнување на оваа цел на патот стои Елверум, тим кој во Скопје доаѓа по бодови, важни за пласман во следната рунда.
Во таборот на „црвено-црните на денешната прес-конференција најавија дека нема да се штедат, напротив сакаат победнички да се пласираат во елиминациите.
„Така се случи со Брест ние да ги добиеме бодовите и овој меч со Елверум не ни значи резутлатски. Но играчки многу ни значи, последен од ЛШ сакаме да ја завршиме со победа и на добар начин да отидеме во елиминациите. Елверум е квалитетен тим, анализиран, одиграа една групна сите беа егал победија и некои фаворити, со самото мислам дека ќе биде квалитетен и неизвесен натпревар. За нив ќе значи бидејќи имаат ист број на бодови со Загреб, но тоа нас не треба да не загрижува, треба да си ја гледаме нашата игра“, изјави Гоце Георгиевски.
Мечот меѓу Вардар 1961 и Елверум се игра во среда со почеток во 20:45 часот.