Маестралниот Јокиќ со 46 поени и 17. „трипл-дабл“ го среди Њу Орлеанс (ВИДЕО)

182

Уште една маестрална партија на српскиот центар Никола Јокиќ во дресот на Денвер во синоќешната победа по продолжение над Њу Орлеанс со 138:130. Јокиќ постигна 46 поени со 17. трипл-дабл учинок сезонава во НБА лигата.

Тој натпреварот го заврши со 46 поени, 12 скока и 11 асистенции, а имаше и четири блокади и три украдени топки. Дури 30 поени успеа да постигне во последната четвртина од регуларниот дел и продолжението. На 3,2 секунди до крајот на регуларниот дел, српскиот центар постигна два поени од линијата за слободни фрлања и обезбеди продолжение, а на минута и пол до крајот на продолжението погоди и важна „тројка“ со која ја потврди победата на Нагетс.

Кошаркарите на Јута ја победија Оклахома со 116:103 со одличен настап на Бојан Богдановиќ кој средбата ја заврши со 35 поени, од кои 11 беа од „тројки“, што е нов рекорд на франшизата.

Шампионот Милвоки го совладаа Феникс со 132:122 и го постигнаа четвртиот последователен триумф. Актуелните шампиони ги предводеше Крис Мидлтон со 44 поени, осум скока и пет асистенции, додека Џру Холидеј додаде 24 поени. Феникс настапи без Девин Букер, Крис Пол и Кем Џонсон, а најефикасен во тимот беше Деандре Итон со 30 поени и осум скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Вашингтон – Индијана 133-123

Хјустон – Мемфис 123-112

Оклахома – Јута 103-116

Кливленд – Торонто 104-96

Денвер – Њу Орлеанс 138-130

ЛА Клиперс – Њујорк 93-116

Бостон – Бруклин 126-120

Милвоки – Феникс 132-122

ПретходноРаботнички продолжи шампионски, „максималка“ и против Наковски Волеј
СледноЛегендите „пукаат“ по играчите на Јунајтед: Тие се предадоа и само шетаа по теренот!