По почетокот на сеозната во СЕХА Гаспром лигата, стигна и првиот избор на најдобрите во минатиот месец. Во изборот на медиа тимот на СЕХА лигата, февруари го одбележија и неколку ракометари на макеоднските преставници во регионалното натпреварување.
Меѓу „најдобрите 7“ се најдоа десниот бек на Вардар, Куни Моралес, како и двајца ракометари на Еурофарм Пелистер, пикерот Елмир Граџан и средниот бек Јосип Периќ.
Вардар веќе одигра три меча во кои имаше два порази од Нексе и победа над Војводина, додека битолчани на единствениот натпревар победија против Партизан.