Пелистер на рехабилитација во Куманово!

185

Пелистер после 15 победи во низа во Првата лига падна на тестот кој се чинеше полесен. Битолскиот состав првиот пораз го запишаа во 16. коло, беа совладани на гостувањето кај незгодниот Феникс.

По оваа средба, врвот веќе не е сигурен за Пелистер. МЗТ Скопје е најсериозната закана, а доколку сака да остане на таа позиција ќе мора да дојде до победа над Куманово. Битолчани кои имаат еден од најсилните состави време е да заиграат на повисоко ниво, од Купот на Македонија, но и претходно во АБА2-лига, почнаа да играат променливо, што пак не е дозволиво за Марјан Илиевски и неговите избраници.

Овој дуел е последен од 17. коло, се игра со почеток во 18:30 часот. Домаќинот и речиси нема шанси да се најде во Супер-лигата, има 20 бода, шест помалку од шестопласираниот тим на Еуро Никел.

Голем проблем за домаќинот е што во составот нема да бидат Ѓукан Ѓукановиќ кој е повреден, се враќа Ненад Зивчевиќ, но прашање е колку може да помогне. Ќе го нема ниту Декуан Ејбром кој се врати во САД поради семејни проблеми.

ПретходноГеоргиевски: Сакаме победнички да одиме во елиминациите!
СледноАЕК го чека „пекол“ во Битола – билетите се распродадени!