Италија и Македонија на 24 март на стадионот “Ренцо Барбера“ во Палермо ќе се сретнат во полуфиналето од плеј – офот за пласман за СП во Катар.
Билетите се распродадени, ќе се игра пред преполн стадион, а првиот човек на Фудбалската федерација на Италија Габриеле Гравина за италијанските медиуми денеска во пресрет на тој меч изјави дека стравува од Македонија.
“Од што стравувам? Од првиот натпревар, стравувам од Македонија. Секогаш овие мечеви се тешки за играње. За нас ќе биде најтежок. Македонија е добра репрезентација, постигна добри резултати. Потребна ни е максимална конецтрација“ рече покрај другото Гравина.