Работнички продолжи шампионски, „максималка“ и против Наковски Волеј

302

Лидерот на табелата во женското одбојкарски првенство, екипата на Работнички, во дербито на 2. коло од плеј-офот потврди дека годинава е најсериозниот кандидат за титулата. Работнички славеше со максимални 3:0 над еден од главните конкуренти за врвот, екипата на Наковски Волеј од Струмица и со тоа само го потврди првото место на табелата.

Гостинките пружија солиден отпор, особено во вториот и третиот сет, но немаа среќа да дојдат до макар еден сет на гостувањето во Скопје. Денеска 2. коло во плеј-оф делот се затвора со дуелот меѓу Јанта Волеј КВ и Струмица.

Прва лига (жени), Втора фаза-1 (2. коло)

Работнички Скопје – Наковски волеј              3:0 (25:18, 27:25, 25:20)

Јанта волеј КВ – Струмица                   (денеска 18.00, пренос  МРТ-3)

ТАБЕЛА: Работнички 46, 2. Наковски В. 37, 3. Струмица 32, Јанта Волеј КВ 26.

Прва лига (жени), Втора фаза-2 (2. коло)

Вардар – Универзитет во Тетово           3:0 (25:13, 25:21, 25:20)

Пелистер Волеј – Фит Фан Волеј            0:3 (20:25, 19:25, 16:25)

ТАБЕЛА: Фит Фан Волеј 16, Пелистер В. 13, Универзитет во Тетово 10, Вардар 9.

 

 

ПретходноАтлетико на крилата на Феликс го „растури“ Бетис на „Бенито Виљамарин“ (видео)
СледноМаестралниот Јокиќ со 46 поени и 17. „трипл-дабл“ го среди Њу Орлеанс (ВИДЕО)