Тренерот на Наполи Лучано СПалети нема намера да го напушти тимот и покрај поразот од Милан на домашен терен и чекорот назад во трката по титулата во Серија А. Тимот од Неапол водеа на табелата до пред минатото коло, но го предадоа врвот по разочарувачкиот пораз од „росонерите“ со 1:0.
„Кој не знае да работи под притисок не може да игра во Наполи. Тоа можам да кажам околу играчите. За другото, јас сум сигурен дека ќе продолжам со својата работа и ќе ги предводам тренинзите на тимот. Ако некој помислил дека ќе биде поинаку, се излажал“, изјави Спалети пред новинарите.