Германски „Спортбилд“ од свои извори дознава дека Норвежанецот Ерлинг Халанд во моментов има само две сериозни понуди за трансфер следното лето. Иако најдобрите европски клубови истакнаа интерес за норвешкиот голгетер од Борусија (Д), сепак изворот на весникот тврди дека во моментов само два клуба се во вистинска трка за него.
„Сè се сведува на два клуба, а мислам дека тоа се Реал Мадрид и Манчестер Сити“, вели Јан-Аге Фјортофт, екс-фудбалер на Ајнтрахт Франкфурт.
„Мислам дека работата со Барселона е неизводлива. Може да се случи на крајот, но во моментов од таа работа нема ништо“, изјавил сонародникот на Халанд.