Украинска гимнастичарка одби да се качи на подиумот заедно со Русија

151

Политиката длабоко навлезе во спортот. Еден од начините за реваншизам кон Владимир Путин за нападите во Украина, е токму спортот. Спортистите, клубовите и националните тимови се суспендирани од речиси сите натпреварувања.

Иако најмалку виновни се токму спортистите сепак војната го прави своето, особено кога станува збор за настани на кои учествуваат претставници од Русија и од Украина.

На Светскиот Куп кој се одржува во Доха, Украинка одби да се качи на подиумот заедно со руските претставнички, кои го освоија златото и среброто.

ПретходноПознати се двојките за 1/4 финалето во одбојкарскиот Куп на Македонија
СледноМакедонците Ристовски и Велковски во тимот на колото во ХНЛ!