Второлигашот Хамбургер против Фрајбург во полуфиналето на германскиот куп

136

Синоќа со ждрепка беа одредени двојките за полуфиналните дуели од германскиот куп. Во завршната рунда до големото финале има тројца бундеслигаши и еден второлигаш.

Најпосакуваниот ривал во полуфиналната рунда, Хамбургер, во битка за големото финале ќе се сретне со екипата на Фрајбург.

Во второто полуфинале ќе играат екипите на Унион Берлин и Лајпциг, кој важи за главен фаворит за освојување на трофејот.

Натпреварите ќе се играат на 19 и 20 април, а финалето е на 21 мај на Олимпискиот стадион во Берлин.

ПретходноЛегендите „пукаат“ по играчите на Јунајтед: Тие се предадоа и само шетаа по теренот!
СледноВо Манчестер Ј. шокирани од односот на Роналдо: Пред мечот со Сити си заминал во Португалија!?