Вардар 1961 во среда на домашен терен го пречекува Елверум во последното коло од групната фаза во Лигата на шампиони. Оваа средба нема да има резултатско значење за актуелниот македонски првак кој веќе обезбеди место во осминафиналето. Како петтопласирана екипа, Вардар 1961 ќе вкрси со Веспрем, екс-тимот на Давид Дејвис.
Шпанскиот стратег има „слатки“ маки, има широк ростер на располагање, па ќе го одбере оној ракометар кој ќе биде подготвен. Добра вест пред мечот е што по долго време се враќа Анте Гаџа, кој беше повреден.
„Мора да продолжиме со работа, иако ќе останаме на петото место без разлика на резултатот од дуелот со Елверум, за нас овој меч е важен. Имаме за противник тим кој игра добро на гостински терен и на кого му требаат бодови. За нас ова ќе биде тест да видиме до каде сме. Играме на домашен терен и секако одиме на победа.
Тешко е за мене, бијдеќи имаме доста играчи во ротација. Ќе видиме кој од новите ќе се вклопи во системот. Анте Гаџа се враќа и можеби ќе игра, а Додиќ веќе некое време тренира со нас и ќе настапи со Елверум. Ние гледаме да дојдеме до победата, без разлика кој ќе игра“, изјави Дејвис.