Легендите на Манчестер Јунајтед, Рој Кин и Гери Невил не штедеа зборови на лутина за настапот на „црвените ѓаволи“ на вчерашното дерби со Манчестер Сити и тешкиот пораз од 4:1. И двајцата ги обвинија фудбалерите на Јунајтед дека однапред се предале.
„На 3:1, поседот на топката беше 92 отсто за Сити. Тие се предадоа и само шетаа по теренот. Ова воопшто не е добро. Не може да има оправдување за ваков однос кон дресот на клубот. Манчестер Сити се претстави одлично. На 3:1 го фрливме пешкирот и не се обидувавме да ги притиснеме. Ова е многу лошо“, вели Невил во својата анализа за „Скај Спортс“.
Рој Кин ја критикуваше одлуката на менаџерот Ралф Рангник да игра со Пол Погба и Бруно Фернандеш.
„Не е прифатливо играчите на Јунајтед да не се враќаат назад. Знам дека Рангник ќе биде жестоко критикуван за неговата тактика. Срамота е да се откажеш на овој начин. По третиот гол реба карактер и сериозни лични квалитети. Тогаш натпреварот заврши. Атмосферата во соблекувалната се уште не е целосно уништена, но овој момент не е далеку. Ситуацијата станува се покомплицирана“, изјави Рој Кин.