Уште една маестрална партија на српскиот центар Никола Јокиќ во дресот на Денвер во синоќешната победа по продолжение над Њу Орлеанс со 138:130. Јокиќ постигна 46 поени со 17. трипл-дабл учинок сезонава во НБА лигата.
Тој натпреварот го заврши со 46 поени, 12 скока и 11 асистенции, а имаше и четири блокади и три украдени топки. Дури 30 поени успеа да постигне во последната четвртина од регуларниот дел и продолжението. На 3,2 секунди до крајот на регуларниот дел, српскиот центар постигна два поени од линијата за слободни фрлања и обезбеди продолжение, а на минута и пол до крајот на продолжението погоди и важна „тројка“ со која ја потврди победата на Нагетс.
Кошаркарите на Јута ја победија Оклахома со 116:103 со одличен настап на Бојан Богдановиќ кој средбата ја заврши со 35 поени, од кои 11 беа од „тројки“, што е нов рекорд на франшизата.
Шампионот Милвоки го совладаа Феникс со 132:122 и го постигнаа четвртиот последователен триумф. Актуелните шампиони ги предводеше Крис Мидлтон со 44 поени, осум скока и пет асистенции, додека Џру Холидеј додаде 24 поени. Феникс настапи без Девин Букер, Крис Пол и Кем Џонсон, а најефикасен во тимот беше Деандре Итон со 30 поени и осум скока.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Вашингтон – Индијана 133-123
Хјустон – Мемфис 123-112
Оклахома – Јута 103-116
Кливленд – Торонто 104-96
Денвер – Њу Орлеанс 138-130
ЛА Клиперс – Њујорк 93-116
Бостон – Бруклин 126-120
Милвоки – Феникс 132-122