Македонскиот олимписки комитет денеска потврди дека по извршената комуникација и координација со Скијачката федерација на Македонија (СФМ), на Зимскиот младински олимписки фестивал ЕЗМОФ ВУОКАТИ 2022, кој ќе се одржи во периодот 20-25 март 2022 година, нашата земја ќе ја преставуваат Мирко Лазаревски (алпско скијање) и Михаела Даноска (Крос кантри/Биатлон).
На овие игри, на предлог на Федерацијата за лизгачки спортови, за првпат ќе настапи и најдобрата млада спортистка во уметничко лизгање Јана Куковска.
Мирко Лазаревски и Михаела Даноска беа Олимписки стипендисти на МОК и добиваа по 1500 американски долари секој месец во изминатите три години и МОК реално од нив очекува висок спортски резултат во Финска. Јана Куковска, за која МОК обезбеди 4000 американски долари за подготовки е секако голем спортски потенцијал во уметничко лизгање од кој МОК сериозно очекува да го пружи своето најдобро во пресрет на следните зимски Олимписки игри Милано – Кортина 2026.