Македонскиот Лав со нов поход на Софија: Сребро за Георгиевски!

284

Нови бодови за олимписки сон во Париз 2024 за нашиот херој Дејан Георгиевски. Имено нашиот таеквондист го освои среброто на Софија Опен Г2. Уште еден голем успех за македонскиот Лав, кој по двете доминантни победи со Радаловиќ од Србија и Касанова од Шпанија, загуби во финалето од Гарсија Мартинез од Шпанија. Сепак треба да се каже дека Георгиевски на почетокот од финалната борба се здоби со повреда, која сепак не е толку опасна, но му попречи да триумфира против силниот противник.

No description available.

Овој континуиран успех на Георгиевски секако дека е голема работа за нашиот херој од ОИ во Токио каде што го освои среброто и постојано ја радува својата држава со големи остварувања.

 

ПретходноСерафимов во тимот на колото во Унгарија!
СледноЕте и тоа бидна, оваа недела АТП листата е историска