По вчерашната победа во градското дерби со Јунајтед, менаџерот на Манчестер Сити, Хосеп Гвардиола, го нарече Ливерпул најтешкиот противник во неговата тренерска кариера.
„Сакам да кажам дека Ливерпул ми предизвикува нелагодност и грижи. Многупати сум кажал дека мојот успех како тренер лежи во тоа што од година во година сè уште брзаме напред, сакајќи да им докажеме нешто на другите, дури и по три освоени титули. Остануваме скромен клуб и продолжуваме да го играме секој натпревар подобро од претходниот, да покажеме резултати, затоа сме на врвот. Ливерпул е најтешкиот противник со кој сум се соочил во мојата тренерска кариера“, изјави Гвардиола.
Битката за титулата во Премиерлигата продолжува. Манчестер Сити има 69 бода на 28 натпревари, додека Ливерпул е веднаш зад него со шест бода помалку, но и меч помалку.