Познати се двојките за четвртфиналето во одбојкарскиот Куп на Македонија. Ждрепката, со оглед на тоа дека беше полудиригирана, сакаше да нема некое посебно дерби во оваа фаза. Сепак најголемо внимание ќе предизвика дуелот меѓу Вардар – ГОК Борец кај мажите.
Првите мечеви се закажани за в среда, додека реваншите се играат по една недела.
Кај жените пак најнезивесно според прогнозите би требало да биде на двомечот меѓу Фит фан волеј и Јанта волеј Кисела Вода.
И овие мечеви се играат в среда, само оној во Битола в четврток. Реваншите се закажани за на 16 март.
Куп (мажи), четвртфинале (први натпревари)
Весна Пробиштип – Струмица 47&72
Вардар – ГОК Борец
Лирија – Шкендија
Штип УГД – Универзитет во Тетово
Куп (жени), четвртфинале (први натпревари)
Фит фан волеј – Јанта волеј Кисела вода
Вардар ЕМ – Работнички Скопје
Македонија Макс – Наковски волеј
Пелистер волеј – Струмица жени