Ужасни вести за сите во редовите на ПСЖ. Имено на два дена пред реваншот со Реал Мадрид во 1/8 финалето од Лигата на Шампионите, Килијан Мбапе е повреден и веројатно тешко дека ќе патува за Мадрид, на мечот кој се игра во среда на „Сантијаго Бернабеу“. Имено тој на утринскиот тренинг се здобил со контузија, односно удар и тоа од свој соиграч, па затоа неговиот настап е под голем знак прашалник.
Ова станува интересно и поради фактот дека Мбапе во јуни најверојатно се сели меѓу „кралевите“.
Како што информираат медиумите во Франција следуваат дополнителни лекарски прегледи за тоа дали навистина фудбалерот кој ми ја донесе победата на ПСЖ на првиот меч во Париз, ќе може да игра во среда.