Политиката длабоко навлезе во спортот. Еден од начините за реваншизам кон Владимир Путин за нападите во Украина, е токму спортот. Спортистите, клубовите и националните тимови се суспендирани од речиси сите натпреварувања.
Иако најмалку виновни се токму спортистите сепак војната го прави своето, особено кога станува збор за настани на кои учествуваат претставници од Русија и од Украина.
На Светскиот Куп кој се одржува во Доха, Украинка одби да се качи на подиумот заедно со руските претставнички, кои го освоија златото и среброто.
The UB podium separated in two parts in Doha : 1st time for Batrona, 2nd time for the two Russians ! Thank you FIG, for Daniela and Ukraine 👏🏻💙💛 pic.twitter.com/ON3arVZosP
— FX Choreo 🤸🏻♀️✨ (@FX_choreo) March 4, 2022