Една од најголемите руски спортистки на сите времиња Светлана Хоркина ја згрози јавноста со коментарот за агресијата на Русија над Украина. Хоркина, која во кариерата освои седум олимписки медали во гимнастика, а неретко е во центарот на вниманието поради контроверзни изјави и ставови.
На почетокот на коронавирусот Хоркина изјави дека тоа е Божја казна поради односот на Западот кон Русија.
А по рускиот напад на Украина, Хоркина со нова изјава:
„Поддржете ги нашите војници. Руските војнити повторно ја ослободуваат Европа од фашизмот“, споделила Хоркина поракаа на Инстаграм.