Зенит е спокоен: Странските играчи немаат намера да си одат

251

ФИФА вчера донесе одлука за привремен преоден рок за странските играчи од украинските и руските клубови, што значи дека многу ѕвезди од клубовите од овие држави можат бесплатно да си заминат поради ситуацијата помеѓу двете држави и да потпишат договор со други клубови.

Во меѓувреме УЕФА ги суспендира сите руски клубови и националниот тим од меѓународните натпреварувања, но клубовите редовно играат во руската Премиер лигата и покрај војната со Украина.

И покрај дозволата од ФИФА извршниот директор на Зенит Александар Медведев рече дека засега ниту еден странец не побарал да го напушти тимот, па дури ни хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен за кого се пишуваше дека барал да си оди од Санкт Петербург.

„Ловрен нема намера да го напушти Зенит. Значи сите информации што ги прочитавте околу неговото заминување се неточни. До сега, ниту еден од странците не изразил желба да го искористи правилото на ФИФА и да го раскине договорот“, изјави Медведев.

Тоа значи дека и бразилските играчи Малком, Клаудињо и Јури Алберто за кои има интерес од бразилски клубови, ќе останат во редовите на лидерот во руската Премиер лига.

Дури и легендарниот руски тренер Јури Семин не мисли дека ќе има масовен егзодус на странските фудбалери од Русија. Тој вели дека тие си работат нормално во Русија и добиваат плата.

ПретходноДи Марија има понуди од три врвни клубови
СледноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Без голови на „Енфилд’, Баерн го уништи Салцбург за само 30 минути (ВИДЕО)