Клоп го „запали“ Островот: Да не беше Ливерпул, Сити ќе беше шампион уште во февруари

300

Во последните четири сезони Сити и Ливерпул ги освојуваат шампионските титули во Премиер-лигата, ништо поразлично нема да биде и оваа сезона, двата тима се главни конкуренти. Клубот од Манчестер е лидер со 69 бода, „црвените“ се на второто место со шест бода помалку, додека третопласираниот тим Челзи има 53 бода.

Само еднаш во последните четири сезони, шампионот освоил помалку од 98 бода.

„Ова е најсилна лига во светот, нема сомнение за тоа. Голем предизвик е, а ние уживаме во тоа. Да не бевме ние оваа сезона или пак пред две-три години, Сити ќе беше шампион веќе во февруари. Тесно е зошто ние сме тука. Доколку пак не е Сити, ние ќе имаме големи шанси за да бидеме прваци“, изјави Клоп за „Скај“.

Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола неодамна изјави дека Ливерпул е најсилниот противник кој го имал како тренер, сега истото го кажа и Клоп за „граѓаните“.

„Можам истото да го кажам. Сити е најсилен противник кого сум го имал, но не треба да заборавам дека против Пеп играв и во Германија против Баерн, не можам да кажам дека беше полесно. Минатата година не успеавме да се носиме со тоа од многу причини, но останатите години бевме тука некаде. Има уште многу натпревари за играње, ќе видиме како ќе заврши сето тоа“, додаде германскиот стратег.

ПретходноПочнаа да ја вознемируваат неговата сопруга зошто го повреди Мбапе, ѕвездата на ПСЖ се огласи
СледноСан: На лето од Јунајтед си одат следните дванаесет играчи