Е.Пелистер со победа го завери пласманот во осминафиналето во Европската лига, каде за противник ќе го има тимот на Нексе. Македонскиот вицепрвак кој испиша нова историја, на домашен терен одигра одличен натпревар против АЕК Атина, по вторпат го совлада, овој пат со 30-19. Групната фаза битолчани ја завршуваат со пет победи, две ремија и три порази, поточно на второто место на табелата.
Ракометарите на Е.Пелистер беа предводени од одличната атмосфера на трибините. Салата „Боро Чурлевски“ вечерва грмеше, Битола уште еднаш испрати порака дека живее за спортот, дека овој град не се освојува лесно. Секоја чест за сите во салата.
Секељи беше јунакот на оваа средба, запиша 15 интервенции, три од седум метри. Мандалиниќ постигна седум гола, Табоада шест и Божиќ Павлетиќ имаа по шест.
🧊 Márton Székely with a big stop for HC Eurofarm Pelister early on in their crucial group D clash against AEK! #ehfel pic.twitter.com/u7DbjwOHXn
— EHF European League (@ehfel_official) March 8, 2022
Дуелот беше решен по само 12 минути игра во вториот дел, со серија од 7-0, домаќинот поведе со 17-10, до крај не дозволи изненадување.
Тврдо прво полувреме, важноста на бодовите си го стори своето. До средината на овој дел од мечот беше изедначено (4-4). Одличниот Секељи со осум одбрани го дигна својот тим, Е.Пелистер поведе со плус три (7-4) во 22 минута. Избраниците на Жељко Бабиќ пропуштија шанса да дојдат до водство од четири гола, на другата страна АЕК после десет минути ја погоди мрежата на македонскиот тим, дојде на минус еден (7-6). Секељи одбрани седмерец по 8-7, Маџовски и Павлетиќ ги вратија трите гола предност (10-7). На одморот беше 10-8.
Every goal in this match is worth its weight in gold, so fair play to Pelister’s Elmir Gradjan for finishing this one in such style! 🪙 #ehfel pic.twitter.com/42F6AFLTDP
— EHF European League (@ehfel_official) March 8, 2022
Угалде заработи четири минути исклучување, но и Е.Пелистер во вториот дел влезе со играч помалку. По само две минути игра, битолчани преку Граџан и Мандалиниќ одново поведоа со плсу три (12-9), и не застанаа.
Кизиќ одбрани седмерец, Секељи ја запиша деветата одбрана, а битолскиот клуб поведе со 17-10 во 42 минута. На другата страна грчкиот тим влезе во серија на грешки, одново кризираше во нападот.
Не се промени ништо, АЕК немаше сили за да приреди пресврт, битолчани чуваа сигурна позитива за мирен финиш (во 49. минута беше 22-15, во 27. минута и 27-17) и победа во последниот меч од групната фаза.