Бабиќ: Карактерот и одбраната пресудија, им симнувам капа на момците

142

Е.Пелистер со убедлива победа стави печат на пласманот во осминафиналето во Европската лига, во последното коло од групната фаза го совладаа АЕК Атина со 30-19. За битка во четвртфиналето битолскиот тим за противник ќе го има Нексе.

Добрата игра во второто полувреме беше пресудна за триумфот, за само неколку минути ракометарите на Е.Пелистер го урнаа отпорот на грчкиот состав.

„Честитики до АЕК Атина за играта, беше задоволство да се гостува кај нив, но и да се игра. Благодарност до моите момци до небо, Секељи беше одличен, но сите играа добро одбрана, трчаваме добро во текот на целиот меч. Карактерот и одбраната го одлучија дуелот. Групата беше навистина беше тешка, на крајот ја исполнивме целта, одиме напред. Среќен сум и горд, им благодарам на фановите за поддршката“, изјави Бабиќ.

ПретходноРоџерс станува најплатениот играч во историјата на НФЛ
СледноСекељи: Секоја чест за „Чкембари“, направија фантастична атмосфера