Барса испрати прва понуда за Мазрауи

262

По инсистирање на менаџерот Мино Раиола, Барселона стапи во контакт со фудбалерот на Ајакс, Нусаир Мазрауи. Како што пишувавме и во минатите денови, Раиола како услов за можен трансфер на Ерлинг Халанд на „Камп Ноу“ го постави и потписот на Мазрауи, кој е исто така негов клиент.

Според инсајдерот Фабрицио Романо, Каталонците му испратиле првична понуда на 24-годишниот фудбалер за да се пресели на лето како слободен играч.

Раиола веќе преговарал со Чави за позицијата на Халанд, но прв чекор до потписот на Норвежанецот е трансферот на дефанзивецот на Ајакс.

ПретходноЛШ: Ливерпул промашуваше, Лаутаро погоди за пирова победа на Интер (ВИДЕО)
Следно„Кралот“ Лазаров и на 41 година „лета“ (ВИДЕО)