Гигс кажа против кого му било најтешко: Еднаш ми го скрши носот…

428

Некогашниот велшки фудбалер Рајан Гигс беше дел од Манчестер Јунајтед со кого освои се што можеше да се освои. Дресот на „Ѓаволите“ го носеше 23 сезони…

Во текот на кариерата тој се среќавал со многу ривали, а еден посебно го запамтил и го окарактеризира како најтешкиот против кого играл.

Занети ми беше најтешкиот ривал. Секогаш трчаше. Знаеше да се брани, а имаше нозе како играч за врска. Беше и жесток во дуели. Еднаш игравме во ЛШ и ми го скрши носот. Имаше се во него и сила и енергија и брзина и лидерски способности“, изјави Велшанецот.

Занети во Интер се задржа речиси две децении, а со „нероаѕурите“ овои се што можеше да се освои.

По завршување на кариерата Занети работи како директор, додека Гигс одлучи да биде тренер.

ПретходноАнчелоти: Против ПСЖ ќе го видите Реал Мадрид во најдобро издание
СледноБаерн го пропушти Кристенсен, но затоа договори германски репрезентативец