Ракометарот на Еурофарм Пелистер 2, Димитар Димитриоски успешно е опериран по повредата на менискусот заради која не играше во претходниот период.
Димитриоски наскоро ќе го започне процесот на рехабилитација. Според паузата за овој вид на повреди тој ќе се врати следната сезона.
Оваа информација ја соопшти битолскиот тим, кој му посака брзо закрепнување.
“Клубот му посакува брзо оздравување и враќање на теренот”, порачаа од Е. Пелистер 2.