Зверев жестоко казнет, АТП без милост: Ќе почека на кам-бек на терените

349

Александер Зверев беше исфрлен од турнирот во Акапулко откако на мечот во двојки вербално и физички го нападна судијата. Тој на крајот на мечот удираше со рекетот по неговото столче.

АТП веднаш го казни парично со максимална казна од 20.000 долари за вербална навреда и исто толкава сума за непспортско однесување, исто така му ја зеде и заработувачката на овој турнир која изнесува 31.000 долари.

Од АТП најавија дека дополнително ќе го разгледаат ова однесување на Зверев, а откако го сторија тоа му изречија нова казна. Германскиот тенисер заработи дополнителна парична казна од 25.000 долари и суспензија од осум недели за настап на АТП турнрите.

Со ова се потврди дека во светот на спортот нема место за вакви инциденти, и сите оние кои ќе ги повторат ќе се соочат со големи казни.

ПретходноИ официјално ФИФА го промени правилото поради Русија
СледноУкраинците мислеле дека се руски шпиoни, ги спаси слика од Меси и тетоважа од Марадона