Она што беше најавено, сега доби реализација. ФИФА официјално поради ситуацијата во Украина превзема мерки, заедно со УЕФА ги променија правилата околу трансферите, на играчите кои ја напуштија Русија и Белорусија им овозможија да преминат во друг тим.
„Анекс 7“ носи неколку нови правила. Првото е дека странските фудбалери и тренери кои имаат договори со украински клубови ќе имаат право да ги суспендираат своите договори до крајот на оваа сезона, поточно до 30. јуни 2022 година.
Тие ќе можат да заиграат за друг тим без обештетување, но ќе мора да се вратат во своите клубови на почетокот на следната сезона доколку ситуацијата се смири.
Исто така фудбалерите и тренерите од Русија кои нема да ги договорат своите услови со раководството до 10. март ќе можат да ги суспендираат своите договори еднострано и да си заминат до крајот на сезоната.
Играчите кои ќе ги напуштат екипите во Украина и Русија ќе можат да го искористат новото правило на ФИФА и УЕФА до 7. април, а секој клуб од Европа ќе може да потпише максимално два фудбалери.