Лампард: Немам волшебно стапче

123

Менаџерот на  Евертон, Френк Лампард изјави дека не се плаши од предизвиците  што го чекаат тимот во битката за останување во Премиер лигата, иако вчера тимот доживеа катастрофа од 5:0 против Тотенхем. Евертон е на 17. место во поредокот, еден пред 18. пласираниот Барнли , но со еден натпревар помалку.

„Немам проблем со предизвикот пред кој се соочуваме“ рече Лампард запрашан што и како на мечевите против Вулверхемптон односно Њукасл в недела и на 17. март.

 „Јас ќе бидам подготвен за тие мечеви, играчите ќе бидат подготвени. Мора да бидат подготвени“ додаде Лампар па поентираше.

„Не излегувам на терен со магично стапче. Јасно е дека очекувањата од мене се големи. Како играч, поминав низ илјадници вакви периоди. Генерално, атмосферата е добра и не можеме да ја изгубиме. Мора да размислуваме долгорочно. Има уште 13 натпревари. Важно е да се остане позитивен, но не и глупаво позитивен“, изјави поранешниот англиски репрезентативец.

 

ПретходноАзар од лето во Њукасл
СледноСЕХА-лига засега нема да се игра!