ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Без голови на „Енфилд’, Баерн го уништи Салцбург за само 30 минути (ВИДЕО)

88

Првото полувреме на реванш дуелот од осминафиналето во ЛШ меѓу Ливерпул и Интер не донесе погодок (0:0). Интер почна одлично и цели 45 минути се обидуваше да го држи домаќинот под притисок. Создаде неколку изгледни можности за закана кон домашниот гол, но погодок не видовме. Ливерпул имаше две фантастични шанси преку стоперите Матип и Цан Дајк, но едниот погоди во пречката, а шутот на другиот беше изблокиран.

Фудбалерите на Баерн (М) покажаа дека ретко им се случува на два меча во ЛШ да одиграат слабо. Вечерва за половина час го демолираа Салцбург постигнувајќи дури 4 гола и уште во првиот дел решавајќи го прашањето за патникот во четврфиналето. Левандовски постигна хет-трик (два гола од пенал), а еден гол беше дело на Гнабри за конечни 4:0 на паузата.

ПретходноЗенит е спокоен: Странските играчи немаат намера да си одат
СледноПОТВРДЕНО: ФИФА ја исфрли Русија од баражите за СП 2022, одложен мечот Украина – Шкотска!