ЛШ: Ливерпул промашуваше, Лаутаро погоди за пирова победа на Интер (ВИДЕО)

194

Италијанскиот шампион успеа да го совлада Ливерпул на „Енфилд“, но не успеа да ја надополни негативата од првиот меч кој на домашен терен го загуби со 2:0. Со голот на Лаутаро Мартинез „нероаѕурите“ славеа со 1:0 против „црвените“, кои на крајот, сепак, обезбедија место во четврфиналето на ЛШ.

Интер одлично го отвори мечот и успеа во воведните дваесетина минути комплетно да го натера Ливерпул на дефанзива. Сепак, Италијанците не успеаја да создадат шанса за гол. Следуваше најубавиот момент во првиот дел кога во 31. Минута Матип ја погоди пречката од голот на Хандановиќ. Трент упати удар до блиската статива, а топката од глава на Матип заврши во рамката од голот.

Во 40. минута Чалханоглу имаше одлична шанса, но неговиот шут од слободен удар, Алисон успеа да го одбрани, по што на пауза се замина со 0:0.

Првата голема шанса во вториот дел дојде во 53. минута, кога Салах не постигна гол во празна мрежа! Хандановиќ веќе беше совладан по нападот на Ливерпул, но Салах од добра позиција го погоди само дирекот. Интер во 60. Минута имаше голема шанса, но Лаутаро од непосредна близина не успеа да го погоди голот на Алисон. Но, само две минути подоцна, Лаутаро со еден прекрасен шут успеа да го отвори резултатот и да му донесе гол-надеж на Интер (0:1).

Само што се израдуваа гостите, веќе во следната минута Алексис Санчез доби црвен картот и Интер остана со играч помалку на теренот. Десетина минути подоцна Салах повторно имаше 100% шанса за Ливерпул, но и овојпат неговиот шут заврши во дирекот од голот на Хандановиќ.

Во самата завршница додека Интер со крајни сили се обидуваше да создаде шанса за втор гол, нововлезениот Луис Диаз имаше нова чиста шанса за израмнување, но Видал успеа да го изблокира неговиот шут. На крај Ливерпул и со пораз му се приклучи на Баерн (М) во четврфиналето.

ПретходноЛШ: Баварската машина го уништи Салцбург (ВИДЕО)
СледноБарса испрати прва понуда за Мазрауи