Првиот тренер кој собра храброст да го стави Кристијано Роналдо на клупата за резерви е Ралф Рангник. По овој потег, Португалецот реагираше срамно.
Роналдо твредеше дека е подготвен, но тренерот на Јунајтед ги слушаше лекарските служби, одлучи својата „седумка“ да ја остави на клупата на градското дерби со Сити.
„Треба да им верувам на лекарите. Докторот во петокот ми рече дека Роналдо не може да тренира бидејќи има проблем со колкот, истото беше и во саботата“, изјави германскиот тренер по поразот од 4-1.
Постугалскиот АС не беше воодушевен го напушти тимот и замина за Португалија. Во понеделникот вечер на „Олд Трафорд“ не може да потврдат каде се наоѓа 37-годишниот фудбалер, ниту пак беа сигурни дали ќе се појави на тренинг.
Одредени медиуми веќе почнаа да пишуваат дека вториот мандат на Роналдо во Јунајтед е пред самиот крај, дека тој веќе договара нов сензационален траснфер.
Неофицијално тој би можел да замине во МЛС лигата, да се збогува со врвниот фудбал и индивидуалните награди.
Се споменува Интер Мајами на Дејвид Бекам. Англичанецот не крие дека сака да го донесе во својот тим.
А како стојат работите, Роналдо сигурно нема да игра во Јунајтед, бидејќи овој тим следната сезона нема да игра во Лигата на шампиони, неговото омилено натпреварување.
ЦР7 смета дека може да игра во елитните тимови, како опција се ПСЖ и Реал Мадрид, се споменува и кам-бекот во Спортинг Лисабон.